Levi’s: Луѓето повторно купуваат фармерки

33

Компанијата Levi Strauss, Levi’s соопшти дека клиентите повторно купуваат фармерки, сега кога многумина низ целиот свет, од САД до Кина, ги напуштаат своите домови по пандемијата.

Шопингот во продавниците и на Интернет ги зголеми приходите во вториот квартал спротивно од очекувањата на аналитичарите. Иако продажбата е сè уште 3% помала отколку во 2019 година, компанијата предвидува дека е на добар пат.

Акциите на компанијата скокнаа околу 3% по оваа вест.

“Постојат многу работи што се надвор од наша контрола, како што е пандемијата … и варијантата Делта, и прашање е што ќе се случи следно“, рече извршниот директор Чип Берг.

Продажбата во САД и Кина го надмина нивото од 2019 година, но во Европа сè уште е во пад од две години поради постојаното затворање на продавниците поврзано со здравствената криза. Приближно една третина од европските продавници на Levi’s и 17% од нејзините глобални локации беа затворени во тој период.

Компанијата соопшти дека 92% од продавниците во моментов се повторно отворени. Зголемувањето на цените, заштедите при набавка на материјали и пониските промотивни активности помогнаа во зголемувањето на профитот. 

Пазарната капитализација на компанијата е околу 11,2 милијарди долари.

Фото: Pixabay