Levi Strauss – моќно скроена приказна

336

levis-jeans-wall-market-st-sfСветот на модата денес не може да се замисли без фармерките. Ова моќно парче облека пред повеќе од еден век направи револуција во модната индустрија и постави стандард во облекувањето.

Целата приказна со незаменливиот џинс започна во 1873 година, кога тогашната компанија Levi Strauss & Co. ги создаде првите сини фармерки. Заслугата за тоа што го имаме денес е на Леви Штраус, креативниот трговец и филантроп роден во Баварија, Германија, во 1829 година.

MTE4MDAzNDEwOTA1MzAyNTQyКога имал само 24 години допатувал во Сан Франциско, Калифорнија, за да заработи пари. Таму започнува бизнис со продажба на текстил, а истовремено има функција на застапник за Западниот брег на неговата фамилијарна фирма со седиште во Њујорк. По некое време Леви ја преименува неговата компанија во Levi Strauss & Co.

Тој не само што си заслужил репутација на добар бизнисмен, туку, исто така, бил и локален филантроп што помага на многумина. Во 1872 година, Леви добива писмо од еден негов клиент Џејкоб Дејвис, кројач од Невада. Во него кројачот го опишува уникатниот начин на којшто изработил пантолони за неговите купувачи, најголем дел луѓе од работничката класа, од материјалот што го купил од Леви.

Сепак, за да ја патентира и претвори својата идеја во реалност, на Дејвис му требал бизнис партнер. За среќа, Леви видел голем потенцијал во тоа и во мај 1873 двајцата го добиваат патентот којшто отвора нови можности за Jacob Davis and Levi Strauss & Company.

oo

Со претставувањето на првата линија на фармерки се случува успех преку ноќ. Она што ја направи големата промена на пантолоните, освен тексасот, беа нитните заедно со металните копчиња што придонесоа за цврстината на ова парче облека.

Низ годините Леви освен успешен претприемач бил и директор на банката во Невада, неколку осигурителни компании, како и на компанијата за гас и електрична енергија во Сан Франциско. Леви работеше за својата компанија до крајот на19-от век, а во 1890 година, кога на фармерките им беше додаден бројот 501®, тој и неговите внуци стануваат официјални управители на компанијата.

10230242-Logo-Levi-Strauss-501-Stock-Photo-levis-brands-leviПо неговата смрт во септември 1902 година, имотот од шест милиони долари беше распределен на неговите четири внуци и останатиот дел од фамилијата, а еден дел беше дониран на локални фондови и здруженија.

Модерните фармерки за прв пат се појавија во 20-тите години на минатиот век и беа најпопуларни кај работничката класа во САД. Од 50-те до 80-те, фармерките на Леви масовно ги прифатија и младите. Во 90-те години, Levi Strauss стана глобално познато и признато име во бизнисот и модата, а сините фармерки ги носеа сите генерации од целиот свет.

Компанијата сè уште произведува уникатни големини што се прилагодуваат на различните потреби на купувачите и се едни од најпродаваните производи на брендот. Levi Strauss е познат и по тоа што за потребите на своите рекламни кампањи употребува стари снимки од познати музичари како Перси Слеџ, Бен Е Кинг, Еди Кохран и други.

Levi_001_refurbished1

Мега успешната компанија со долга традиција денес вработува повеќе од 15.000 работници од целиот свет, а поседува вкупно 2.800 продавници. Освен популарните фармерки произведува и пантолони, шорцеви, кошули, јакни, џемпери, маички со кратки ракави, долна облека, чорапи, чевли, модни додатоци, фустани, здолништа, каиши, а има и специјална колекција на големи броеви. Освен познатите 501 стилови за мажи и жени, останатите серии со бројот 500 се наменети само за мажи, додека сериите 300, 400, 700 и 800 се за жени.

Заклучно со 2015 година, компанијата вреди 4,494 милијарди долари.