Lexus објави остварување на целите на глобалната продажба со повеќе од два милиони електрифицирани возила продадени до крајот на април оваа година.
Од претставување на моделот RX400h во 2005-та година, Lexus е предводник на електрификација на пазарот на луксузни возила, а моделите продолжија да еволуираат во рамки со мисијата за спојување на управувачките перформанси и еколошка свесност. Lexus продолжи да ја развива понудата на електрифицирани возила за да понуди повеќе опции прилагодени на потребите на купувачите и општеството во целина.
Водејќи се од начелото “вистински производ во вистинско време на вистинско место“, Lexus се надева дека ќе продолжи да го развива портфолиото на електрифицирани производи за да може на најдобар можен начин да одговори на светските извори на енергија и инфраструктурна околина.
Lexus во овој момент нуди девет различни модели на електрифицирани возила, вклучувајќи хибридни и целосно електрични возила, присутни на пазарот во околу 90 земји во светот. На глобално ниво, електрифицираните возила чинат 33% од продажбата на Lexus во 2020 година. Во западна и централна Европа уделот е 96%.
Фото: Pixabay