LG G Flex ексклузивно во ВИП

4

LG-G-Flex-Group Вип оператор денеска под мотото Oбликот на иновацијата, за прв пат на македонскиот пазар го претстави првиот флексибилен смартфон со заоблен екран LG G Flex, кој ексклузивно и единствено е достапен во продажната мрежа на Вип.

Покрај иновативниот заоблен дизајн кој одговара на природната форма на лицето и раката на корисникот, заобленоста на LG G Flex 6.0″ OLED екран овозможува импресивно искуство при гледање во него, исполнето со живописни бои, а истовремено и со намален отсјај.

Заоблениот екран овозможува исполнување на видното поле на корисникот и фантастичен панорамски преглед на содржините кои се гледаат.

Камерата од 13 мегапиксели на LG G Flex му овозможува на корисникот да ги овековечи сите свои важни моменти во висока резолуција од 4160 x 3120 пиксели, корисникот без проблем може да прави прецизни ноќни фотографии или пак да снима видеа, кои потоа може да ги гледа на експанзивниот екран, да ги отпечати или сподели со своите пријатели.

LG G Flex е веќе достапен за корисниците Вип во продажните Вип центри во целата земја, по цени започнувајќи од 22.999 денари во постпејд тарифата Vip Free +No limit+ со договор на 24 месеци.