Liam F1 – револуционерна ветерница за домашна употреба

50

veternica

Холандската компанија за истражување и развој The Archimedes ја претставува новата револуционерна генерација на ветерници за домашна употреба која ќе создава многу повеќе енергија од досегашните турбини на ветер.

Liam F1 е урбана ветерница во облик на сврдел, а освен тоа е многу тивка. Токму вревата што ја создаваа перките на ветерниците беше причина овој обновлив извор на енергија да не биде прифатен од поголемиот број семејства.

Liam F1 создава 1.500 киловат час енергија во просек, со брзина на ветер од пет метри во секунда, што одговара на делумната потреба за струја на едно просечно семејство.

Во комбинација со соларен покрив, семејствата би можеле во целост да ги задоволат своите потреби за енергија.