Лице в лице со награда за медиум кој дал придонес за развој на филантропски практики

48

2

Единственото улично списание во земјава, Лице в лице ја доби наградата за медиум кој дал придонес за развој на филантропски практики во Република Македонија. Доделувањето на Наградите за филантропија и општествена одговорност за 2013 година, во организација на Центарот за институционален развој – ЦИРа се одржа на 29 ноември во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, а беа доделени статуетки и признанија во повеќе категории.

“Оваа награда е успех не само за тимот на Лице в лице, туку и за сите граѓани, организации, институции и компании кои ја разбраа и поддржаа нашата иницијатива за создавање подобро општество за сите”, изјави Климентина Илијевски, извршна директорка и главен и одговорен уредник на списанието.
Лице в лице ја доби наградата во третата категорија – Развој на филантропски практики, каде беа наградени и три основни училишта – Лазо Ангеловски, Петар Здравковски Пенко и 7ми Март, кои добија Специјална награда за институција која дала придонес за развој на филантропски практики во РМ. СОС Детското село Македонија ја доби наградата за здружение на граѓани кое поттикнува филантропски практики кај претпријатија и индивидуи, додека Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје ја доби Наградата за институција која дала придонес за развој на филантропски практики.
Наградата за индивидуален филантроп за 2013 година ја доби Ванчо Чифлиганец, додека наградени во првата категорија – Награди за општествена одговорност на претпријатија добија: Адинг АД Скопје – Награда за одговорен однос кон вработени, Шпаркасе банка АД Скопје- Награда за одговорен однос кон животната средина, Раде Кончар ТЕП – Награда за корпоративна филантропија за мало претпријатие, ДУНА Компјутери ДОО Скопје – Награда за корпоративна филантропија за средно претпријатие, Тинекс МТ ДООЕЛ експорт-импорт – Награда за корпоративна филантропија за големо претпријатие, Алфа банка АД Скопје – Награда за севкупна посветеност кон општествената одговорност за средно претпријатие, КБ Аџибадем Систина Скопје – Награда за севкупна посветеност кон општествената одговорност за големо претпријатие.

1