Лидерите на ЕУ не постигнаа договор за шестиот пакет санкции за Русија

42

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ ниту на утринската средба пред почетокот на самитот на лидерите на Унијата не успеале да постигнат консензус за шестиот пакет санкции против Руската Федерација, дознава Танјуг од дипломатски извори во Брисел.

Иако претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел беше оптимист дека шестиот пакет санкции ќе биде финализиран до денешната средба на лидерите на ЕУ, дипломатски извори од ЕУ наведуваат дека сè уште има „неразјаснети детали“, особено кога станува збор за предложеното ембарго на руската нафта.

Според агендата на дводневниот самит на ЕУ, лидерите вечерва ќе разговараат за начините за помош на Украина, вклучително и финансиска и воена поддршка, а на видеоврската ќе се приклучи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.