Лидерите на Г20 да донесат воен план за да се избегне апокалипса

249

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика лидерите на Г-20 на најголемите светски индустриски земји да усвојат “воен план“, којшто вклучува повеќе милијарди долари пакет економски стимул за земјите во развој.

Планот ќе биде насочен кон деловните субјекти, работниците и домаќинствата во земјите во развој кои се борат со пандемијата од коронавирус, пренесува AP.

Гутереш во писмото до лидерите на Г20 вели дека нивните земји учествуваат со 85 % од бруто домашниот производ во светот (БДП) и дека тие имаат директен интерес и клучна улога во помагање на земјите во развој да се справат со кризата.

“Сè помалку од исполнување на оваа обврска, ќе доведе до пандемија од апокалиптични размери, што ќе влијае на сите нас“, предупреди Гутереш, повикувајќи на “јасно отфрлање на протекционизмот“.

Фото: Pexels