Lidl чоколатцата кај касите ги заменува со здрава храна

24

lidlТрговскиот ланец Lidl забрани чоколатцата и слатките работи да стојат до касите во сите 600 продажни објекти во Велика Британија. На нивно место отсега ќе стојат здрави грицки, свежо и сушено овошје, пишува Гардијан.

На овој начин Lidl сака да даде свој удел во борбата против дебелината кај децата и да ги поттикне родителите да бидат упорни во обидите здраво да ги хранат најмладите. Бројките покажуваат дека 25% од возрасните во Британија се прекумерно дебели, а претпоставките се дека до 2050 година, половина од популацијата во оваа земја ќе се соочи со овој проблем.