Lidl добива конкуренција на Балканот

327

Најголемиот италијански дисконт Eurospin планира оваа година да ги отвори првите 20 маркети во Хрватска.

Eurospin започнува голема меѓународна операција со отворање на првите маркети во Хрватска, објави порталот Retail Serbia. Во план е во првиот бран да се отворат најмалку 20 маркети ширум земјата, додека долгорочни планови се маркетот да стане конкурент на германски Lidl со отворање на 100 маркети ширум Хрватска.

Компанијата Eurospin ја испитувала и можноста за влез на српскиот пазар, но како што пишува Retai Serbia, таква одлука сè уште не е донесена. Во наредните неколку месеци Eurospin планира да ги отвори и првите маркети во Малта.

Фото:Pexels