Lidl гради продажен комплекс во Вршац

63

lidl

Германскиот трговски синџир Lidl наскоро започнува со изградба на комплекс во српскиот град Вршац, пишува порталот eVrsac.rs.

Комплексот ќе се простира на околу 20.000 метри квадратни, а во него ќе бидат вклучени супермаркет со пекара, трговски центар со кафе – ресторан и комерцијален објект со компатибилна намена. Во целиот комплекс се предвидени и 220 паркинг места.

Lidl во Европа е застапен со околу 10.000 продажни објекти и секоја година го продолжува трендот на отворање на нови. Долгорочниот план на компанијата е во Србија да отвори 100 малопродажни објекти.