Lidl инсталира 4.000 сончеви панели во својот дитрибутивен центар во Ирска

26

Ланецот на супермаркети, Lidl ќе инвестира еден милион евра во инсталација на 4.364 сончеви панели во својот дистрибутивен центар којшто се гради во Ирска, пишува CNBC.

Според компанијата, панелите ќе генерираат над еден милион киловат часови енергија годишно, што ќе ја намали емисијата на штетни гасови од објектот за 473 тони.

Сончевите панели ќе бидат обезбедени од ирската компанија Enerpower, којашто е во бизнисот со обновлива енергија. Од Lidl велат дека со новата инвестиција повеќе од една четвртина од потребите на објектот ќе се обезбедат од сончева енергија.

Дистрибутивниот центар ќе вклучува и електрични автомобили и станици за нивно полнење, како и технологија за обновување на топлина и LED осветлување.

Фото: Pixabay