Lidl отвора супермаркет во Македонија, на почетокот ќе инвестира 500.000 евра

345

По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир Lidl ќе го отвори својот прв супермаркет и во Северна Македонија, објави специјализираниот портал European Supermarket Magazine (ESM), со седиште во ирскиот главен град Даблин.

Според ЕSМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името Lidl Northern Macedonia, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на Lidl и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев.

Предвидено е Lidl на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.

Според порталот, интересот на Lidl за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Северна Македонија, но и од Косово.

Фото: Facebook