Lidl почна да гради четири продажни објекти во Србија

59

lidl-kesi-580x362

Германскиот трговски ланец Lidl започна да гради четири продажни објекти во Србија – во Белград, Бор, Зрењанин и Шабац, а рокот за завршување е 1 октомври 2016 година, пишува еКапија.

Првиот малопродажен објект на овој трговец веќе е изграден во Смедерево, а во текот на оваа и следната година ќе бидат изградени уште 20. Како што претходно пишуваа српските медиуми, до мај 2017 година ќе биде завршен дистрибутивниот центар во Нова Пазова. Потоа, истовремено ќе се отворат сите малопродажни објекти, во кои ќе се вработат околу 1.000 луѓе.

Долгорочниот план на оваа компанија е во Србија да отвори 100 малопродажни објекти.