Lidl троши најмногу пари за реклами меѓу трговските ланци во Бугарија

35

Lidl-BulgariaLidl најмногу инвестира во реклами во категоријата на прехранбени ланци, покажува анализата на медиумската агенција Аргент според податоците на Gfk Audience Research Bulgaria (GARB) за 2013 година, пишува софиски Капитал. Според статистиката, буџетите на првите тројца огласувачи учествуваат со 87% во целиот бруто волумен во оваа категорија. По Lidl, најмногу се рекламираат Billa и Carrefour. Трите ланци минатата година во реклами инвестирале 18,3 милиони евра бруто.

Најголемиот дел од парите за реклами отишле на телевизиите, над 89%, печатените медиуми добиле 10% од сите буџети, а радиото само 1%.