Lidl влегува во Србија, првиот маркет ќе го гради во Суботица?

38

lidl

Германскиот трговски ланец Lidl оваа година најверојатно ќе започне со изградба на објект во Суботица, најави помошникот на градоначалникот Љубен Христов за Танјуг.

“Многу е веројатно Lidl оваа година да започне со инвестицијата, затоа што од нашиот град доби градежна дозвола и тоа е првата локална самоуправа во Србија која му издала градежна дозвола на еден ваков гигант”, вели Христов.

Христов потсети дека концептот на Lidl е таков што со градба почнува дури кога ќе се создадат услови за изградба на девет или повеќе објекти.

Германскиот трговски ланец Лидл работи како дисконт. Тоа значи дека може да користи продажен простор помал од 1.500 метри квадратни, а асортиманот е ограничен од 700 до 1.500 артикли. Системот на продажба е организиран во вид на самопослужување, а производите се изложени во кутии. По правило, дисконтните цени се пониски за 20% до 30% од просечните пазарни цени.