Lidl во Хрватска ќе ги чести вработените со 8,5% повисока плата

78

Фото: Facebook

Германскиот малопродажен ланец маркети Lidl во Хрватска одлучи да ги зголеми платите на вработените во просек за 8,5%, објави 24sata.hr.

Одлуката ја донел Управниот одбор на компанијата којшто констатирал дека изминатата година во Хрватска, маркетите работеле исклучително успешно, со неочекувано големи приходи. Поголема плата ќе добијат 1.792 вработени во земјата.

Lidl во Хрватска работи од 2006 година и до сега таму поседува 93 маркети, два логистичко-дистрибутивни центри и 220 вработени.

Низ Европа, пак, постојат 10.000 маркети на Lidl, со преку 150 дистрибутивни центри во 28 земји.