Liftwave – паметна лажица на Google што им помага на луѓето на кои им се тресат рацете

58

WireAP_92c161f0cfd049b4a0196efd3311e15f_16x9_992

Дронови, автомобили без волан за управување, роботи, балони што обезбедуваат интернет… Ова се само дел од изумите на кои свој потпис стави технолошкиот гигант Google. Најновиот изум на компанијата е паметна лажица што ќе им биде од голема корист на лицата кои имаат проблеми со тресење на рацете, пишува Гардијан.

Liftware-parkinson-stabilized-spoon-6

Google ја започна промоцијата на лажицата Liftwave, која особено им помага на постарите лица и на оние кои имаат проблеми со Паркинсовата болест за да можат без никаков проблем да уживаат во нивниот оброк.

B821782444Z.1_20141125091436_000_GKP1CESVT.2_ContentLiftwave, според компанијата, може да го намали тресењето на лажицата во просек за 76%.

Од Паркинсова болест се заболени околу 10 милиони луѓе низ целиот свет, вклучувајќи ја и мајката на коосновачот на Google, Сергеј Брин. Тој, освен овој пронајдок, донирал повеќе од 50 милиони долари за истражувања чија цел е пронаоѓање на лек за оваа болест.

Liftwave лажицата е достапна по цена од 295 долари.