Британската писателка од 18 век Џејн Остин ќе биде новото лице на новата банкнота од десет фунти, објави британската централна банка. Со ова Банката на Англија сака да ги ублажи критиките дека жените се премалку застапени на британските пари.
“Џејн Остин секако заслужува место во избраното друштво на историски личности чии ликови се на банкнотите”, изјави гувернерот Марк Карни.
Авторката на класиците “Гордост и предрасуди“, “Разум и чувства“ и “Ема“, на фунтата ќе го замени научникот Чарлс Дарвин од 2016 година.
Остин е еден од најомилените автори во Британија. Годинава се навршуваат 200 години од печатењето на “Гордост и предрасуди”, што ширум земјата ќе се прослави со костимирани забави и други настани.