Lilium Jet – електрично летечко возило

59

lilium-technology-teaser-1536w

Фото: Lilium Aviation

Lilium Aviation е германски старт – ап што дизајнираше електрично летечко возило под името Lilium Jet. Дизајнот на автомобилот е дело на четири дипломци од Техничкиот универзитет во Минхен, воедно и основачи на овој старт – ап. Нивна цел а да го направат возилото енергетски поефикасно од останатите конкурентските модели.

Lilium Aviation ги собра потребните средства за да создаде електрично летечко возило. Дел од компаниите што инвестираа во стартапот за да ги собере потребните 100 милиони долари се кинескиот интернет гигант Tencent Holdings, Atomico компанија на основачот на Skype, Obvious Ventures, инвестициска компанија на ко-основачот на Twitter, Еван Вилијамс и други.

Летечкиот автомобил ќе полетува и слетува вертикално како хеликоптер, ќе може да пренесува патници и товар на далечина од 300 километри, а ќе достигнува максимална брзина од 300 километри на час. Lilium Jet нема да емитува штетни гасови, односно ќе биде еко-возило. Според основачите на стартапот, автомобилот ќе биде одлично решение за транспорт на тешко достапни места и значително ќе го намали времето на пристигнувањето.