LinkedIn ја намали старосната граница за корисниците

41

linkedinСоцијалната мрежа LinkedIn ќе овозможи профили да отвораат и лица кои не се полнолетни, па по новите правила, на оваа мрежа ќе можат да бидат присутни и оние што имаат 13 години, па нагоре.

Границата за користење на LinkedIn досега беше 18 години. Американците ќе го користат со полни 14, додека во Европа оваа граница ќе биде 13 години. Новата одлука во Европа стапува на сила на 12 септември.

Со намалување на старосната граница, на идните корисници им се олеснува порано да почнат со планирање на своите професионални кариери. Како што соопштуваат од компанијата, нивната мрежа засега ја користат близу 30 милиони студенти и дипломци. Компанијата сака својот концепт да го прошири и на универзитетите, за оние што завршуваат средно да можат полесно да одлучат на кој факултет да се запишат. Новите универзитетски страници на студентите и потенцијалните апликанти ќе им даваат информации каде работат дипломираните студенти, како и информации за сите индустрии или вработени.

LinkedIn сега има скоро 240 милиони корисници, а од компанијата тврдат дека нивниот број расте за два секоја секунда.