LinkedIn разви технологија за успешни интервјуа

171

Деловната мрежа LinkedIn, што е во сопственост на Microsoft, во време на криза предизвикана од коронавирусот осмисли како ќе им помогне на корисниците кои бараат работа.

Осмислија технологија базирана на вештачка интелигенција што ќе им помогне на луѓето во барање на работа, особено во видео интервјуата коишто добија на значење во доба на пандемија, пишува Bug.

Се тестира нова опција наречена видео претставување, која ќе помогне во меѓусебната комуникација помеѓу работодавците и потенцијалните кандидати за работа.

Вештачката интелигенција им помага на кандидатите видео интервјуто да го поминат поуспешно, давајќи совети и повратни информации за темпото на разговорот и совети за реченици кои треба да се избегнуваат.

Фото: Pixabay