LinkedIn собира пари за нови аквизиции

24

linkedin_nyseСоцијалната мрежа LinkedIn планира јавна понуда на акции вредна една милијарда долари, откако вредноста на акциите значително и порасна по иницијалната јавна понуда во 2011 година, пишува Блумберг.

Компанијата планира да продаде 4,17 милиони акции од својата А класа, со што се проценува дека ќе собере околу една милијарда долари, ако се земе во предвид дека вредноста на акциите на 30 август беше 240,04 долари. Акциите на LinkedIn во мај 2011 година вредеа 45 долари.

LinkedIn со оваа понуда сака да ја зајакне финансиската позиција за да може да влегува во потенцијални аквизиции. Компанијата на крајот на вториот квартал имаше 873 милиони долари готовина, па овој потег за собирање средства се толкува како подготовка за некои значајни аквизиции.

Поради добрите квартални резултати, вредноста на компанијата е на највисоко ниво од 2009 година. Пазарната вредност на LinkedIn сега е 32 милијарди долари, за разлика од првото излегување на пазарот, кога вредеше 4,3 милијарди долари.