Лино Фрутолино и Бебивита млечна кашка повлечени од хрватскиот пазар

82

frischer Apfelmus / fresh applesauceХрватското министерство за земјоделие извести дека млечната кашичка од гриз за бебиња постари од шест месеци на Бебивита се повлекува од пазарот. Повлечената серија е со рок на траење до 30 септември 2014 година, со ознака 140790, а целиот назив на производот е Bebivita Milchbrei Grieß 600g. Храната за бебиња се повлекува од продажба поради фрагменти стакло што се пронајдени во производот. Министерството примило информација од Европската комисија дека во тие производи, кои се наоѓаат на пазарите на Австрија и Германија, се наоѓаат парчиња стакло. Иако нема податоци за дистрибуција на споменатиот производ во Хрватска, компанијата Милер од превентивни причини спроведува повлекување на производот и го информирала министерството, јавуваат хрватските медиуми.

И Подравка вчера соопшти дека во Хрватска привремено се повлекува производот Лино Фрутолино од 200 грама. Поради внимателност и дополнителни анализи, на препорака на Санитарниот инспекторат, Подравка донела одлука за привремено повлекување на Лино Фрутолино серија 22052013, со рок на употреба до 22 мај 2014 година, кој е дистрибуиран исклучиво на хрватскиот пазар, стои во соопштението, пренесуваат хрватските медиуми.

Иако лабораторијата на Подравка за контрола на квалитетот утврдила дека производот е исправен, што потврдила и независна анализа во акредитирана надворешна лабораторија, и тоа на повеќе примероци од истата серија, Подравка во согласност со својата политика за безбедност и квалитет на храната, одлучи привремено да го повлече споменатиот производ за да направи дополнителни анализи и да ја потврди неговата исправност, стои во соопштението на Подравка.