Lip password – систем што “чита“ лозинка од усни

22

usta-pexels

Фото: Unsplash – Pexels

Тим научници од Универзитетот во Хонг Конг дизајнираа нов биометрички метод што може да “чита“ од усни, пишува Digital Trends.

Професорот Чеунг Јиу – минг заедно со неговиот тим од Универзитетот во Хонг Конг го развија lip motion password, што може да ја идентификува лозинката, читајќи од усните на корисникот. Посебна камера го снима корисникот, го следи обликот, движењето и текстурата на неговите усни и врз основа на тие податоци прави биометриско препознавање.

Оваа решение би можело да биде поефикасно од техниките што користат препознавање на глас, бидејќи не му пречи буката околу корисникот, а lip motion password може да ја користат и луѓе со оштетен слух. Исто така, системот нема јазични бариери, па може да го користат луѓе од различни говорни подрачја од целиот свет.