Според проценките на магазинот „Global Finance Magazin“ за 2023 година, од 193 најбогати земји во светот, Македонија се најде на 80. место.
На прво место меѓу најбогатите земји во светот е Ирска, втор е Луксембург, а трет е Сингапур, а потоа следат Катар, Макао, ОАЕ, Швајцарија, Норвешка, САД, а Сан Марино ја затвора листата на топ 10.
Од земјите во регионот, најбогата, според авторот на овој текст, е Словенија, која е на 37. место, потоа Хрватска, која е на 49., Црна Гора на 68., Србија на 72., Македонија на 80. и Албанија на 89. место.
Авторот на текстот, наведува дека ако се земе предвид бруто домашниот производ на една нација – збирот на сите добра и услуги произведени од државата во текот на една година – тогаш ќе мора да заклучи дека најбогатите нации се токму оние со највисок БДП: САД, Кина, Јапонија и Германија.
„Но, како би можеле економиите на, на пример, Сингапур или Луксембург да се израмнат со економиите на толку моќни земји кога тие се само мали точки на светската мапа? Искористувањето на БДП по глава на жител останува проблем:со истиот приход може да се купи многу малку во некои земји и да оди многу подалеку во други, каде основните потреби – храна, облека, домување или здравствена заштита – чинат многу помалку. За да се процени колку се богати граѓаните на една земја, потребно е да се разбере колку можат да купат. Затоа, кога се споредува БДП по глава на жител по земја, тој треба да се прилагоди за паритетот на куповната моќ, што ни помага да ги земеме предвид стапките на инфлација и цените на стоките и услугите на секое место“, пишува авторот, кој користи податоци од Меѓународниот монетарен фонд.