Литература.мк почна нова книжевна приказна во ГТЦ

469

Во присуство на многубројни љубители на книгата и автори, на 31-ви јули беше отворена новата книжарница на Литература.мк во Градски трговски центар во Скопје (ГТЦ). Симпатичниот продажен простор, уреден според најновите трендови за продажба на книги, е лоциран на приземјето, до фотостудио Бимбо.

Ова е шеста книжарница на Литература.мк, по веќе препознатливите продажни места на улицата Македонија, во Скопје сити мол, ТЦ Рамстор, Веро центар во Скопје и на Широк Сокак во Битола.

Литература.мк носи нова литературна свежина во едно од најпосетените места во Скопје. Ќе продолжи да ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за целото семејство. Во понудата се познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. На полиците е застапен голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на повеќе јазици.

Почнувајќи од 31-ви јули, продажниот простор на Литература.мк ќе работи согласно работното време на ГТЦ, од понеделник до петок од 9 до 21 часот, а во сабота од 9 до 17 часот.