Ливчиња спанаќ детектираат експлозив

31

spanak-1

Тим научници од Технолошкиот институт во Масачусетс на листови спанаќ поставија минијатурни цевки преку коишто може да детектираат експлозив, па дури и да испратат предупредување преку имејл, пишува The Verge.

Цевките се поставуваат во ливчињата спанаќ, каде што се случува процесот на фотосинтеза. Спанаќот ги апсорбира хемикалиите што ги ослободува експлозивот преку коренот, од каде што тие “патуваат“ околу 10 минути до ливчињата, по што се активираат сензорите. Тие емитуваат флуоресцентни зраци коишто можат да се забележат преку инфрацрвена камера, којашто е приклучена на компјутер. Оттаму се испраќаат информациите преку електронска пошта.

Преку примената на оваа нанотехнологија, научниците тврдат дека преку растенијата може автоматски да се забележуваат одредени промени во околината, како што се бактериски инфекции, еколошко загадување или суша.