Living Unit – словенечка модуларна куќа прилагодлива на секаков терен и услови

22

ofis-slo-twitter

Фото: Twitter

Тим од архитекти и инженери од словенечката фирма OFIS Arhitekti дизајнираше и и создаде прототип од модуларна куќа што може да се прилагоди на различни климатски и теренски услови, пишува Dezeen.

Оваа модуларна куќа, под името Living Unit, може да се трансформира во викендичка, куќичка за на дрво, кабина за истражување или засолниште.

Модулите, од коишто е создаден овој објект, може да се наредат вертикално или хоризонтално и да одговараат на различни средини или временски услови. Основната единица е широка 2,5, долга 4,5 и висока 2,7 метри. Дизајнирана е така да може да функционира како самостојна единица во којашто може да се смести кревет, кујна и тоалет.

Куќата е направена од дрвена конструкција облепена со шпер плочи од двете страни.