Љубљана доби 10 капсули за сместување туристи

20

Фото: Central Hotel

Словенечката престолнина доби 10 капсули за спиење, коишто на туристите им нудат можност за сместување во близина на хотелот Централ, пишува Reuters.

“Ова е нова приказна во Словенија“, изјави Матеј Ригелник, од хотелот Централ.

Словенија, родната земја на правата дама на САД, Меланија Трамп, како што пишува Reuters, забележа раст на туризмот откако стана членка на Европската унија во 2004 година и на евро зоната во 2007 година.

Минатата година, бројот на ноќевања на странски туристи во Словенија забележа пораст од 15,4%. Најголем дел од нив се од Германија, Италија, Австрија, Холандија и Хрватска.