Љубљанскиот аеродром отворен за сообраќај

145

Љубљанскиот аеродром, Jože Pučnik, е отворен за сите комерцијални летови како од Европската унија, така и од трети земји.

Fraport Slovenija, којшто управува со љубљанскиот аеродром, ја поздрави одлуката на словенечката влада за укинување на ограничувањето на воздушниот сообраќај.

Како што пишува во соопштението, повеќето авиопревозници ги откажаа летовите до љубљанскиот аеродром до крајот на мај. Од Fraport Slovenija истакнуваат дека изминативе денови се подготвувале за доаѓањето на првите патници и спроведување на безбедносните мерки за повторно отворање на патничкиот сообраќај.

Ианку аеродромот во Љубљана беше затворен од 17 март во рамки на мерките за спречување на ширење на пандемијата од коронавирус.

Фото: Facebook