Љубов на работа: 82% Хрвати имале врска на работното место

51

Office affairs

Љубовта не бира време ни место, а поради тоа што на работа поминуваме добар дел од времето, постои голема веројатност да се случи токму таму. Порталот МојПосао спроведе истражување на преку 600 испитаници и откри дека 82% од нив биле во врска на работа која не е целосно пријателска или деловна. Во просек таквата врска траела една година и девет месеци. Во љубовни врски на работно место се впуштале вработени од сите старосни групи.

Една третина од испитаните (33%) успешно ја криеле врската од колегите, 42% не успеале да ја сокријат, додека 19% не се ни обиделе да се кријат.

Најголем број од испитаните (45%) изјавиле дека врската не влијаела врз извршувањето на работните задачи, а за 43% имала позитивно влијание и им дала поттик за работа. Врската со брак ја крунисале 16%, 54% ја прекинале врската, додека 30% уште се во врска.

Без разлика на големината на компанијата, ретко во која има одредба за забрана за излегување со колега. Одредба за забрана (формална или неформална) имаат 12% големи компании, 10% средни и 10% мали фирми.