Љупчо Георгиев е новиот генерален директор на Microsoft за Македонија и Косово

240

IMG_3904

Љупчо Георгиев е новиот генерален директор на Microsoft за Македонија и Косово, а промената ќе стапи на сила на втори април оваа година.

Тој ќе ја преземе позицијата од Стефан Плавјански, кој одлучи да го напушти Microsoft по речиси три години и да бара нови предизвици надвор од компанијата.

Љупчо Георгиев во Microsoft носи 19-годишно професионално искуство, почнувајќи ја својата кариера во Хермес Плус (СНТ), како претставник за продажба, кој последователно менува различни директни и индиректни работни места во секторот за продажба. Тој придонесе за цврст раст на бизнисот на компанијата, управувајќи со бизниси за големи претпријатија во Македонија и во регионот на Балканот, додека беше одговорен за продажба и маркетинг операции поврзани со системски решенија. Стана директор во СРЦ СИ, градејќи софтверски решенија и тим за продажба, пред да замине во Cisco Systems како извршен директор за МАК регионот. Георгиев му се придружува на тимот на Microsoft од Густав Кејзер Тренинг Интернационал, каде што тој беше консултант, лидер за обука и тренер, и даваше услуги на различни компании во регионот, со значајно влијание.

Георгиев дипломирал на Електротехничкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

“Да се биде дел од семејството на Microsoft е чест и привилегија, одговорност и напорна работа од една страна и предизвик од друга страна, место каде што можеме да споделуваме позитивна енергија, да бидеме подготвени за нови промени, да се забавуваме и да уживаме во иднината, која ќе донесе резултати и успех за подобро утре. Јас сум воодушевен од можноста да придонесам за успехот на компанијата и да направам силно влијание врз развојот на бизнисот и земјата“, изјави Љупчо Георгиев.