Lofty – засолниште што може да се постави било каде

26

216-889x667Lofty е флексибилно засолниште во форма на пирамида што може лесно да се постави и на тешко достапни места, пишува Inhabitat.

Наменето е да им помогне на оние кои сакаат да постават привремен шатор, а немаат соодветни алати и пристап до локацијата. Lofty може да се постави од авион, да се транспортира со камион, да го носат животни, па дури и да се носи во раце.

Засолништето е направено од ткаенина од бамбус, има четири потпорни столбови и мрежа од најлон што ги држи сите делови заедно и може да се трансформира во кревет.