Лојдс ќе плати по 1.000 фунти на секој од 64.000 вработени поради зголемените животни трошоци

93

Повеќе од 64.000 вработени во Лојдс ќе добијат еднократна исплата од 1.000 фунти од оваа банка за да им помогне со зголемените трошоци за живот во Велика Британија.

Исплатата – доспева во август – доаѓа по кампањата на синдикатот Unite, која го гледа потегот на банката како „важен чекор“ во промената на структурата на платите на банката.

Цените во Обединетото Кралство растат со најбрзо темпо во последните 40 години поради рекордно високите трошоци за гориво и енергија, што врши притисок врз финансиите на домаќинствата. Инфлацијата моментално е 9% и се очекува дополнително да се зголеми подоцна оваа година.

„Персоналот ќе го поздрави бонусот од 1.000 фунти, но има уште долг пат за да се искоренат ниските плати во еден од најпрофитабилните сектори во економијата“, велат од синдикатот.

Официјалните податоци минатиот месец покажаа дека во Велика Британија има помалку невработени отколку слободни работни места, за прв пат откако се води евиденција.