Локдаунот во Австрија ќе чини 1,2 милијарди евра неделно

111

Последните мерки на Австрија за справување со огромното зголемување на бројот на заразени луѓе би можеле да чинат 1,2 милијарди евра неделно и да принудат 400.000 вработени да се потпрат на програма за заштеда на приход субвенционирана од државата, пишува „Блумберг“.

Австрија повторно ги воведе строги мерки, откако рестораните, музеите и
продавниците за непрехранбени производи се принудени да затворат од понеделник на период од три недели. Во земјата со 9 милиони жители, во вторникот беа пријавени повеќе од 9.500 случаи и 72 смртни случаи.

Економската штета од здравствените мерки во економијата во вредност од 380 милијарди евра може да се зголеми за 50 отсто поради изгубената продажба пред празничниот период.

Австрија стана првата земја во Западна Европа што повторно воведе целосно заклучување оваа есен. Исто така, ќе бара во февруари да се вакцинира целото нејзино население.

Приближно две третини од населението во земјата е целосно имунизирано на КОВИД-19. Случаите на новозаразени се меѓу најбројните на континентот, со седумдневна инциденца од 991 на 100.000 луѓе.

Заклучувањето ќе трае најмногу 20 дена. Десет дена подоцна ќе се одлучува дали и каде ќе продолжи мерката.