Лондон: 3D пешачки премин за зголемување на безбедноста

226

Главниот град на Англија, Лондон, доби 3D пешачки премин со цел да се зголеми безбедноста на патот, пишува Dezeen.

Со помош на оптичка илузија тој изгледа како да лебди во воздухот и е видлив за возачите во двата правци. Лоциран е на улица во Вестминстер близу основно училиште и е дел од 12-месечен проект за поголема безбедност.

Доколку идејата се покаже како успешна ќе бидат поставени вакви пешачки премини низ целиот регион.

Англија со ова се приклучува во низата на земји коишто веќе имаат свои 3D пешачки премини, Исланд, Индија, Нов Зеланд и САД.

Претходно, лондонската софтверска компанија Umbrellium креираше интерактивен пешачки премин којшто се појавува по потреба.

Фото: Pixabay