Исланд: 3D пешачки премин што “лебди“ над патот

28

20170921-153733-0

Во малиот рибарски град Исафјордур, што се наоѓа во Исланд, се појави пешачки премин што изгледа буквално како препрека што лебди во воздухот. Станува збор за 3D оптичка илузија пред која возачите сигурно ќе застанат, пишува Bored Panda.

20170921-153814

Пешачкиот премин е направен со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Интересниот дизајн прави пешаците да се чувствуваат како да одат по воздух. Исландскиот комесар за животна средина, Ралф Трила даде дозвола за проектот откако виде каков ефект има еден сличен пешачки премин во Њу Делхи, Индија. Преминот го изработи компанијата Vegmálun GÍH што се занимава со бојадисување на улици.

Фото: Vegmálun GÍH