Лондон ќе го добие првиот двокатен автобус на електричен погон

62

zelen double decker

Препознатливите црвени двокатни автобуси во Велика Британија ќе станат еколошки, бидејќи ќе се движат на електричен погон, пишува BBC.

Првите електрични двокатни автобуси (double decker) низ улиците на Лондон ќе се појават во октомври оваа година.

“Познатиот црвен двокатен автобус ќе стане ’позелен’ од било кога“, изјави Борис Џонсон, градоначалник на Лондон.

Транспортното претпријатие во Лондон веќе има на располагање 1.300 хибридни електрични и дизел автобуси. Целта на претпријатието е до 2020 година да располага со 300 автобуси, коишто ќе бидат само на електричен погон.

Во овој момент, има осум електрични еднокатни автобуси коишто сообраќаат на пократки релации. Шест од нив ги изработи британската компанија Optare, а два се произведени од страна на кинеската компанија BYD.