Лондон ќе стане град на иднината, во којшто граѓаните и посетителите на британската престолнина ќе ги заменат превозните средства со што повеќе пешачење, секогаш кога тоа е возможно, пишува Lonely Planet.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан неодамна го претстави акцискиот план, согласно кој градските власти ќе вложат 2,4 милијарди евра во нова инфраструктура, подобрена сигнализација и повеќе пешачки премини.
Инаку, проектот е поддржан и од англиската Државна агенција за јавно здравство, од каде се надеваат дека до 2024 година жителите на Лондон во просек ќе поминуваат милион чекори повеќе.
Акцискиот план вклучува и создавање на јазли во подземните железници за да ги поттикне луѓето да се движат од една станица до друга. Возниот парк на лондонските јавни автобуси исто така ќе добие надградба, а градската управа до 2019 година целосно планира да ги забрани такси возилата на дизел.
Фото: Pixabay