Лондонски Schroders Plc го зголеми уделот во словенечка НЛБ банка

146

Лондонската компанија Schroders Plc го зголеми својот удел во словенечката НЛБ банка на 5,108%, од 5,0% соопшти банката.

Нова Љубљанска банка (НЛБ) соопшти дека компанијата Schroders Plc ја известила за промената на први јуни. Трансакцијата што резултираше со зголемено учество на лондонската компанија во словенечката НЛБ се случила на 29-ти мај, пренесува Bankar.me.

Според податоците на веб-страницата на НЛБ од крајот на 2019 година, Bank of New York Mellon контролира 60,92% од капиталот, следува словенечката влада со 25% и мали акционери со 12,68%.

Фото: Pixabay