Lonely Planet ги прогласи најдобрите дестинации за 2022 година

146

Веб-страницата за патување Lonely Planet направи листа со најдобри дестинации за патување за 2022 година, а на врвот се наоѓаат далечните Кукови Острови.

Куковите Острови се наоѓаат на 3.232 километри североисточно од Нов Зеланд и 4.732 километри јужно од Хаваи. За да стигнете дотаму, треба да патувате речиси четири часа со авион од Нов Зеланд.

На листата се наоѓаат и Норвешка, Маврициус, Белизе и Словенија.

Најдобри земји за патување за 2022

1. Кукови Острови
2. Норвешка
3. Маврициус
4. Белиз
5. Словенија
6. Ангила
7. Оман
8. Непал
9. Малави
10. Египет

Најдобри градови за патување за 2022

1. Окленд, Нов Зеланд
2. Тајпеј, Тајван
3. Фрајбург, Германија
4. Атланта, САД
5. Лагос, Нигерија
6. Никозија, Кипар
7. Даблин, Ирска
8. Мерида, Мексико
9. Фиренца, Италија
10. Генџу, Јужна Кореја