Лоша зделка: Ја купи компанијата од каде беше отпуштен, но во погрешно време

261

Петнаесет години откако Ерик Бејкер беше отпуштен од StubHub, гигант во продажба на билети, во којшто беше еден од основачите, ја купи компанијата за четири милијарди долари.

За жал, осветата не е секогаш слатка, тој ја купи компанијата само неколку недели пред коронавирусот да го уништи бизнисот, пишува Forbes.

Компанијата ја купи пред денот на Благодарноста во 2019 година и Бејкер веднаш почна да слави. Неговата компанија за онлајн продажба на билети, Viagogo ја купи StubHub од eBay за 4,05 милијарди долари.

Бејкер бил коосновач на StubHub, но другиот коосновач го отпуштил, па ја основал Viagogo.

Три месеци подоцна, на 13 февруари договорот беше склучен и плати четири милијарди долари, а неговиот удел од 23%, во новата компанија којашто продава билети за разни настани, скоро го направи милијардер.

Но, како што се појави коронавирусот, стадионите се затвораа, уметниците откажуваа настапи, а театрите ги прекинаа претставите. Со тоа се намалија 90% од приходите, проценуваат аналитичарите на Forbes. StubHub испрати дома две третини од вработените во САД, а Moody’s го намали рејтингот на компанијата од стабилен на негативен.

“Тоа е спектакуларна несреќа, да дадете четири милијарди долари четири недели пред затворање на целокупната индустрија“, вели Ерик Фулер, консултант кој го следи пазарот на билети за јавни настани.

Фото: Freepik