Во пресрет на први април, Денот на шегата, американската филијала на компанијата Volkswagen издаде и повлече лажно соопштение за медиумите за тоа како ќе се преименува во Voltswagen of America.
Со тоа, тие сакаа, како што велат, да му докажат на светот колку се сериозни во врска со електрификацијата на нивната понуда и електричните автомобили.
Сепак, еден ден подоцна, тие се огласија од компанијата и признаа на јавноста дека станува збор само за маркетинг потег наменет да го сврти вниманието кон нивните електрични автомобили. Ова предизвика остри реакции на социјалните мрежи, па во коментарите луѓето ја споредуваа оваа лажна вест со скандалот Дизелгејт, кога и Volkswagen невистинито информираше за штетните гасови на неговите мотори.
Потоа, Комисијата за хартии од вредност и пазари на САД (SEC) започна истрага за ефектите од овој необичен потег врз цената на акциите. Се покажа дека цената на акциите на компанијата нагло скокна. Во еден момент, вредноста скокна за повеќе од 10%.
Интересно е што не само медиумите, туку и трговците на Wall Street наседнаа на објавата, бидејќи тие веднаш ја презедоа лажната изјава на Volkswagen.
Извршниот директор на овој американската филијала, Скот Киг, во интервју за Ројтерс потврди дека станува збор само за шега и начинот на кој тие сакаат да ја прослават својата посветеност на електрификацијата.
Инаку, SEC веќе го испитуваше Илон Маск заради вакви и слични потези, кој на Тwitter објави дека ќе ја повлече Теsla од берзата. Се покажа дека Маск на крајот се откажал од својата идеја.