Louis Vuitton го купува Christian Dior за 6,5 милијарди евра

55

luis

Фото: Facebook

Францускиот милијардер Бернар Арно ќе го комбинира модниот бренд Christian Dior со неговата империја Louis Vuitton (LVMH), како дел од потегот вреден 12 милијарди евра за поедноставување на неговите бизнис интереси, пишува Reuters.

Во серијата на комплексни трансакции, најголемата луксузна групација LVMH ќе го купи брендот Christian Dior Couture од компанијата Christian Dior SA за 6,5 милијарди евра, вклучувајќи ги и долговите.

Семејството Арно, кое поседува 74% од акциите во Christian Dior SA, ќе ги преземе и останатите 26% од акциите со цел да ја поедностави акционерската структура.

Основан во 1970 година, Christian Dior Couture е еден од најпознатите брендови во светот.