Фото: Youtube
Италијанската компанија за електрични автомобили XEV и компанијата за 3D печатење Polymaker го преставија првиот 3D печатен автомобил наречен LSEV, во Културниот музеј за 3D печатење во Шангај.
Автомобилот од 7.500 долари, којшто тежи само 992 килограми, може да се отпечати за само три дена, пренесува Inhabitat. Но, сепак ова е “бавно” возило, достигнувајќи максимална брзина од околу 69 километри на час.
Со цел да ги скратат трошоците Polymaker го намалија бројот на пластични делови и компоненти од 2.000 на 57, што исто така го прави LSEV многу полесен од останатите возила. Сите видливи делови на автомобилот биле испечатени, освен шасијата, седиштата и стаклото.
Од XEV велат дека веќе добиле 7.000 нарачки за печатениот LSEV. Тие планираат да започнат со производство во вториот квартал од 2019 година.