Lucy – огледало што го следи Сонцето и внесува светлина во домот

37

lucy

Lucy претставува интелигентно огледало што ги рефлектира сончевите зраци и ги насочува кон темните делови од просториите.

“Lucy лесно може да се смести на било кое место. Овој уред е дизајниран и за внатрешни простории, но и за надвор и за негова употреба не е потребна никаква инсталација“, се вели на официјалната страница преку којашто може да се порача ова паметно огледало на италијанската компанија Solenica.

lucy 1

Огледалото има подвижен механизам што му овозможува преку фотосинтеза да ги следи сончевите зраци и ги рефлектира до мрачните делови од просториите во домот.

Доколку некој има потреба од светлина во домот за подобро расположение, може да го порача овој уред по цена од 199 долари.

lucy-lamp-instructions