“Луд“ бизнис: Од изнајмување на кози за Zoom состаноци заработила 56.000 евра

329

Дот Макарти, земјоделка од Велика Британија на шега предложила да изнајмува кози за состаноци преку Zoom за време на карантинот  и заработи околу 56.000 евра од тоа.

Таа вели дека “неверојатно“ голем број на луѓе и понудиле да и платат за нејзината коза Лола и други кози од стадото да се појават на нивните состаноци. Тоа и овозможило фармата да остане отворена и да ги задржи вработените, а исто така ги покрила трошоците за работа на фармата. “А и позабавно е од продавање ѓубриво за да се преживее“, додава Макарти.

Нејзината фарма обично издавала простор за свадби и училишни посети за да оствари дополнителен приход, но епидемијата на коронавирусот ја спречила да работи, пренесува BBC. Поради тоа оваа 32 годишна земјоделка која ја презела семејната работа од мајка си пред околу пет години, дошла на идеја да изнајмува кози за состаноци преку апликацијата Zoom.

Козата неочекувано би се појавила на состанок, како изненадување. Луѓето можат да платат пет фунти за да изнајмат коза, која би им се придружила на закажаниот состанок со мала помош на работниците на фармата.

Макарти вели дека ја шокирало тоа што шегата станала деловен успех.

Таа вели дека ја прикачила понудата на сајтот на фармата за да ги насмее луѓето во април 2020 година, кога првпат беше воведен карантин во Велика Британија.

Кога се разбудила, ја дочекале 200 мејлови.

Нејзините кози се појавиле на состаноци ширум светот, од Америка до Русија, Кина и Австралија. Едно семејство ја букирало нејзината коза Маргарет секоја сабота. Макарти додава дека повеќе ја сака таа работа од продавање ѓубриво.
“Ова е многу полесно и позабавно“, додава таа.

Фото: Pixabay