Lufthansa повлекува 150 авиони од флотата, следуваат уште откази

28

Lufthansa соопшти дека во следните пет години ќе ја намали за 150 авиони својата флота поради пандемијата на коронавирусот. Со тоа нивната флота ќе вреди 1,1 милијарда евра помалку.

Lufthansa најави дополнителни откази, покрај оние 22.000 за кои информираше на почетокот на годината.

Според информацијата која компанијата ја објави на својата веб страна, изгледите за меѓународен промет дополнително се влошиле во последните недели.

“Со крајот на сезоната на летни патувања, бројот на патници и резервации повторно опаѓа, по малите знаци на закрепнување што беа видливи во јули и август. Имајќи го тоа предвид, извршниот одбор го одобри третиот пакет за преструктуирање за групата и го извести надзорниот одбор за тоа“, објави авиокомпанијата.

Фото: Pixabay