Lufthansa продава авио билети преку Airbnb

29

lufthansa i airbnb

Германскиот авиопревозник Lufthansa започна со продажба на авио билети преку онлајн платформата Airbnb, пишува Fortune.

Овој чекор компанијата го прави поради можноста да се соочи со намалени приходи во текот на годината.

Авиокомпанијата минатата недела објави дека кај резервациите на летови, посебно долгите релации во Европа, има значителен пад. Како главна причина за тоа се наведуваат терористичките напади во повеќе градови во Европа, како и големата политичка и економска нестабилност.